Во наредните денови следува период на стабилно и сончево време со мала облачност и со пониски утрински температури
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а вдолж Повардарито ќе дува засилен ветер од северен правец, со брзина до 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
„Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени“,
соопштија од УХМР.
Во наредните денови следува период на стабилно и сончево време со мала облачност и со пониски утрински температури.
И утре ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.
