Покрај „Гринлајф“, без лиценци за производство на канабис за медицински цели останаа и компаниите „Алфафарм“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“
Еден тон марихуана е запленет од складиштето на фирмата „Гринлајф“ – една од шесте фирми на кои Владата им ги одзеде лиценците за одгледување марихуана за медицински цели.

Складиштето на „Гринлајф“ се наоѓа во валандовското село Јосифово. Фирмата се занимава со одгледување зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека акцијата е дел од континуираните акции за запирање на илегалната трговија со дрога.
Претходно денеска министерот за здравство Азир Алиу информира дека Владата на денешната седница донела одлука за одземање на лиценците за одгледување марихуана за медицински цели на шест фирми, кај кои комисијата што ја формира Министерството за здравство утврдила повеќе недостатоци во работењето.
Покрај валандовската фирма „Гринлајф“, без лиценци за производство на канабис за медицински цели останаа и компаниите „Алфафарм“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“.
