„Односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка“, ѝ порачал Муцунски на Нејнски
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил соопшти дека денеска остварил телефонски разговор со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија Надежда Нејнски.

Во разговорот, како што вели, упатил искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакал успех во извршувањето на функцијата.
„Нагласив и дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка“,
се вели во објавата на Муцунски.
За време на разговорот, додава и дека иницирал билатерална средба која би се реализирала во наредниот период.
