За утре се прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а во некои делови од земјата и засилен ветер од северен правец

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, е прогнозата за денешниот ден од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите на повисоките места од земјата ќе бидат од дожд и снег, а на планините само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјата. Во текот на денот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе биде од минус два до пет Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од еден до 12 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од три до 11 степени.
За утре се прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди. На некои места ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува и умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој во одредени делови ќе достигне брзина од над 60 километри на час.
Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, со ниски утрински температури.
