За време на викендот ќе има заладување и пад на температурите. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец.
Во текот на ноќта во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува ветер од југоисточен правец.
За време на викендот ќе има заладување и пад на температурите. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.
