Несреќата се случила вчера околу 17 часот во скопско Драчево кога автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистрации, управуван од А. Д. (41) од Скопје, удрил во детето
Четиригодишно дете од Скопје е тешко повредено откако вчера попладне било удрено од автомобил.

Несреќата се случила околу 17 часот на улицата „Живко Фирфов“ во скопско Драчево кога автомобил марка „фолксваген туран“ со скопски регистрации, управуван од А. Д. (41) од Скопје, удрил во детето.
Детето било пренесено во Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.
На местото на сообраќајната несреќа извршен е увид од стана на увидна екипа на СВР Скопје.
