Производите се веќе повлечени од пазарот, а за потрошувачите кои имаат купено, Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да не ги користат, нештетно да ги уништат или да ги вратат на местото од каде што се купени
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“ се повлекуваат од пазарот по добиените информации од европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни дека кај одредени серии на производот е можно присуство на токсинот цереулид.

„Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде што купени“,
соопштија од АХВ.
Во прилог интегрално објавуваме кои производи се опфатени со повлекувањето:
APTAMIL AR 2
Сериски број (лот) / Рок на употреба
20250924/111492248 / 24.09.2026
20251106/111505015 / 06.11.2026
APTAMIL PRONUTRA 2
Сериски број (лот) / Рок на употреба
20250619/111450979 / 19.06.2026
20260720/111470149 / 20.07.2026
20260922/111494041 / 22.09.2026
20261027/111509436 / 27.10.2026
20261130/111518857 / 30.11.2026
20261219/111526365 / 19.12.2026
20270121/111539141 / 21.01.2027
APTAMIL PRONUTRA 1
Сериски број (лот) / Рок на употреба
20260722/111473082 / 22.07.2026
20260904/111489543 / 04.09.2026
20261014/111504828 / 14.10.2026
20261126/111519122 / 26.11.2026
На крајот на јануари годинава АХВ информира дека од македонскиот пазар се повлекува производот „Аптамил АР 2“ 24 x 400 грама, серија 2027.01.02 со потекло од Ирска бидејќи во производот е утврдено присуство на цереулид.
