Според владејачката партија, поранешната власт злоупотребила околу 170 милиони евра државни пари за набавка на канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот – пари кои, како што велат, да не биле злоупотребени, сега би се искористиле за покачување на минималецот, можеби и на 700 евра
Со поднесениот предлог-закон, СДСМ покажа дека додека беа на власт можеле да ја зголемат минималната плата на 600 евра, но арамилукот им бил помил – кометираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претходно денеска пратеничката група на социјалдемократите поднесе законски измени на Законот за минимална плата, со кој се бара најниската плата во државата да изнесува 36 960 денари или 600 евра.

Според владејачката партија, поранешната власт злоупотребила околу 170 милиони евра државни пари за набавка на канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот – пари кои, како што велат, да не биле злоупотребени сега би се искористиле за покачување на минималецот, можеби и на 700 евра.
„СДС денес се одважи и напиша предлог-закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината напишале и колку пари им се потребни (околу 7,5 милијарди денари или околу 110 милиони евра), но од каде ќе ги најдат заборавиле да напишат. Да не дозволеа злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на канцероген мазут денес работниците ќе имале и повисоки минимални плата можеби од 700 евра“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ги СДСМ и ДУИ дека додека биле на власт, приоритет им било да си ги наполнат сопствените џебови.
Предлог-законот за минимална плата од 600 евра што СДСМ денеска го поднесе во Собранието доаѓа како одговор на барањата на работниците и синдикатите за итно зголемување на примањата.
