На пристаништето во Грција се пристигнати 17 борбени возила. За нивно користење, како што информираат од ресорното министерство, ќе биде организирана дополнителна обука
Оваа година ќе пристигнат сите 42 борбени возила од типот „страјкер“ за Армијата што се набавени од Соединетите Американски Држави (САД), соопшти денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски при образложување на амандман на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

На денешната собраниска Комисија за одбрана и безбедност се разгледа информацијата за потребата на доделување на амандманот број 2 на договорот кој се однесува за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала од типот „Страјкер“, склучен меѓу владите на С Македонија и САД.
Мисајловски при образложението на седницата рече дека се работи за технички амандман, бидејќи 17 возила веќе се пристигнати на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стигнуваа.
„Ова е технички амандман бидејќи е потпишан договор за 42 борбени возила од типот ‘страјкер‘. Оваа година сите ќе пристигнат. Веќе 17 од нив се на пристаништето во Грција, за што треба да помине овој амандман. Потоа сите возила ги примаме кај нас. Тие остануваат на Армијата. За нивно користење потребна е обука“,
рече тој.
