Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјата, а висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места се очекува да се зголеми до 25 сантиметри
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјата, а висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места се очекува да се зголеми до 25 сантиметри.
Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 степен, а дневните ќе бидат од -2 до 5 степени.
Во Скопје врнежите од снег ќе бидат со послаб интензитет.
Утринската температура ќе биде околу -4 степени, а дневната ќе се искачи до околу 2 степени.
Поради врнежите од снег, мразот и можна голомразица, се апелира до возачите да внимаваат, особени оние што управуваат возила на планинските превои и на повисоките патни правци.
Од утре до сабота, времето ќе биде стабилно со пораст на температурите.
