На една од фотографиите се гледа како Трамп седи во Овалната соба со европските лидери, а покрај него има табла на која е прикажана географска карта од Соединетите Американски Држави (САД), Венецуела, Гренлад и Канада, сите покриени со американско знаме
На друга фотографија објавена денеска, Трамп е прикажан како поставува американско знаме на Гренланд, заедно со потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио
Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри политиката за територијално проширување, споделувајќи фотографии на неговата социјална мрежа Трут соушл што сугерираат на американска контрола врз Канада и Гренлад.

На една од фотографиите се гледа како Трамп седи во Овалната соба со европските лидери, а покрај него има табла на која е прикажана географска карта од Соединетите Американски Држави (САД), Венецуела, Гренлад и Канада, сите покриени со американско знаме.
Инаку, оригиналната фотографија е направена во август 2025 година, кога европските лидери, меѓу кои претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, британскиот премиер Кир Стармер и италијанската премиерка Џорџа Мелони го посетија Вашингтон со цел да разговараат за војната во Украина.
Тогаш на таблата до Трамп беше прикажана фронтовската линија на војната во Украина.
На друга фотографија објавена денеска, Трамп е прикажан како поставува американско знаме на Гренланд, заедно со потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио.
До нив има поставена табла на која пишува:
„Гренланд – територија на САД, основана 2026 година“.
Во серија објави на Трут соушл, Трамп вели дека преземањето на Гренланд е императив за глобалната безбедност.
„Нема враќање назад, сите се согласни со тоа“,
напиша тој.
Инаку, Трамп ја нарекува својата визија за зголемена контрола врз Западната хемисфера – „Доктрина Донро“, комбинација од неговото име и тоа на поранешниот американски претседател Џејмс Монро.
Претходно, тој објави приватни пораки за кои тврди дека му ги испратиле генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и францускиот претседател Емануел Макрон.
Во пораката, која му се припишува на Руте, се вели дека шефот на НАТО му честита за неговите достигнувања во Сирија и дека ќе ги искористи своите медиумски настапи во Давос за да го истакне ангажманот на Трамп во Сирија, Газа и Украина. Руте, исто така, вели дека е посветен на наоѓање решение за проблемот со Гренланд и едвај чека да го види Трамп.
Трамп, исто така, објави порака за која тврди дека му ја испратил Макрон.
Францускиот претседател пишува во неа дека тие се целосно усогласени за Сирија, дека заедно можат да постигнат „големи работи за Иран“, но дека не разбира што прави Трамп по прашањето за Гренланд.
Макрон предлага организирање состанок во формат на Г7 во Париз по Давос и, меѓу другите, претставници на Данска, Украина, Сирија и Русија да бидат вклучени во неформалниот дел.
Тој, исто, предлага вечера со Трамп во Париз пред неговото враќање во Соединетите Држави.
