Франција има намера да ја одбие поканата за приклучување кон иницијативата во оваа фаза, изјави вчера извор близок до Макрон
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царина од 200 проценти на француските вина и шампањи, тврдејќи дека овој потег ќе го охрабри францускиот претседател Емануел Макрон да се придружи на иницијативата на Трамп за Одборот за мир, насочена кон решавање на глобалните конфликти.

На прашањето на новинарите за изјавата на Макрон дека нема да се приклучи на одборот, Трамп рече:
„Дали го кажа тоа? Па, никој не го сака затоа што многу наскоро ќе ја напушти функцијата. Ќе ставам царина од 200 проценти на неговите вина и шампањи и тој ќе се приклучи, но не мора да се приклучи“.
Франција има намера да ја одбие поканата за приклучување кон иницијативата во оваа фаза, изјави вчера извор близок до Макрон.
Трамп првично предложи создавање на Одборот за мир кога го објави својот план за ставање крај на војната во Газа минатиот септември. Но, поканата испратена до светските лидери минатата недела ја истакнува пошироката улога во ставањето крај на конфликтите низ целиот свет.
Нацрт-повелбата испратена од американската администрација до околу 60 земји ќе бара од членовите да платат 1 милијарда долари во готово ако сакаат нивното членство да трае подолго од три години, според документ до кој дошол Ројтерс.
Владите реагираа претпазливо во неделата на поканата на Трамп, план за кој дипломатите рекоа дека може да ѝ наштети на работата на Обединетите нации.
Трамп исто така рече дека го поканил рускиот претседател Владимир Путин да биде член на мировниот одбор.
„Тој е поканет“,
рече Трамп.
