Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоките места и планините слаб снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Според најавата од УХМР, утре и задутре преку ден времето ќе биде стабилно и суво, а во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
