Сите патни правци, според „Македонија пат“, се проодни
Намалена видливост од 50 до 100 метри поради појава на магла има на патниот правец Скопје – Тетово, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оттаму велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по претежно суви коловози.
Сите патни правци, според „Македонија пат“, се проодни.
„На одредени места, кои поминуваат низ засеци и клисури, можна е појава на поситни одрони“,
се вели во соопштението од претпријатието.
Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот.
