Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга и е регистриран на длабочина од два километри
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во Охридско-струшкиот Регион. Потресот се случил во 22:06 часот и бил на длабочина од два километри.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, вечерва во 22:06 часот регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга“,
објави Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на потресот е регистриран на 103 километри јужно од Скопје, а е почувствуван во Охрид и околината.
