Според пишувањата на Ројтерс, рускиот нафтен гигант „Лукоил“ го управува петрохемискиот комплекс „Ставролен“ во Будјоновск во Ставропол, а регионот, исто така, има инфраструктура за гасоводи и места за складирање гориво што го прават дел од поширокиот енергетски и хемиски систем на Русија

Украински напад со беспилотно летало во текот на ноќта предизвика пожар во индустриски објект во јужниот руски регион Ставропол, изјави денеска гувернерот на регионот, Владимир Владимиров.
Според објава на Владимиров на социјалната мрежа Телеграм, во нападот нема пријавени повредени, а станбените згради и основната инфраструктура на градот не се оштетени.
„Во индустриската зона има пожари. Службите за итни случаи работат на местото на настанот“,
пишува тој.
Тој во објавата не прецизира кој објект бил во пламен.
Непосредно пред експлозиите и пожарите, Владимиров, предупредил на опасноста од напади со беспилотни летала во регионот.
Според пишувањата на Ројтерс, рускиот нафтен гигант „Лукоил“ го управува петрохемискиот комплекс „Ставролен“ во Будјоновск во Ставропол, а регионот, исто така, има инфраструктура за гасоводи и места за складирање гориво што го прават дел од поширокиот енергетски и хемиски систем на Русија.
„Украина, која, наводно, претходно ја нападнала фабриката ‘Ставролен’, изјави дека нејзините напади во Русија и подалеку од линијата на фронтот имаат за цел да ги ограничат воените напори на Русија во војната што Москва ја започна пред речиси четири години“,
се додава во објавата на Ројтерс.
Ukrainian attack drones successfully hit Russia's Stavrolen petrochemical plant in the city of Budyonnovsk tonight.
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) December 23, 2025
The facility, a major producer of key polyethylene/polypropylene products, is heavily ablaze. pic.twitter.com/wAQ3fW29bN
На социјалните мрежи, пак, се шират видеа од голем пожар во петрохемискиот погон „Ставролен“ во рускиот град Будјоновск, а нападот, како што пишува Киев индипендент, првпат гообјавиле руските медиумски канали на Телеграм.
Видеата и фотографиите објавени од локалните жители покажуваат огромни пламени што излегуваат од правец на погонот.
„Ставролен“ е еден од главните производители на полиетилен и полипропилен во Русија.
