Забраната е издадена поради, како што се наведува, променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти
Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) оваа недела забраниле увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издале наредба за нивно уништување, соопштија оттаму.

Забраната е издадена поради, како што се наведува, променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти.
Според АХВ, станува збор за 22 340 килограми од овој вид овошје, што во земјава дошло како увоз од соседна Србија. По прегледот на пратката од страна на инспектор за храна било утврдено дека таа не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
На увозникот му е издадено решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, откако од негова страна АХВ добило известување дека пратката не може да се врати во земјата извозник.
