Според светскиот сервис „Ај-кју ер“ (IqAir), Скопје утрово е на 20. место во светот, а второ во Европа по загаден воздух

Доколку се следат податоците од апликациите кои ја мерат загаденоста на воздухот, Скопје и утрово е град со многу висока загаденост. Според светскиот сервис „Ај-кју ер“ (IqAir), Скопје утрово е на 20. место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Најзагаден воздух утрово дишат жителите на населбата Илинден.
Министерството за животна средина алармира дека е надминат прагот на алармирање. Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.
