На средбата меѓу министерот и директорот на ТОАРИЛУЦ се разгледани и можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ и за оперативниот блок
Комплетното реновирање на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) е во завршна фаза и наскоро очекуваме да биде пуштена во употреба, рече денеска министерот за здравство, Азир Алиу при неговата посета на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

„Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона сала во рамки на Ургентниот центар, со што оваа Клиника ќе добие уште една сала за помали интервенции“,
кажа тој.
Алиу на средбата со директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџаноски, како што информираат од кабинетот на министерот, се разгледани и можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ и за оперативниот блок, во насока на унапредување на условите за третнам на пациентите.
