Според него, со одржување на седница на Постојаната анкетна комисија ќе се постигне тоа родителите да се обратат од Собранието, затоа што, како што додаде, тоа досега им беше целосно оневозможено
Појасни дека Комисија со која тој претседава е Постојана анкетна комисија и таа редовно си работи без оглед на предложените две, односно таа од ВМРО-ДПМНЕ и другата од опозицијата се посебни анкетни комисии што се ад-хок тела, за што има само иницијатива и се уште не се формирани
Пратеникот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев денеска на прес-конференција информираше дека на 9 декември закажал седница на оваа комисија на која ќе се разгледува поднесената претставка од Здружението на граѓани 16 март 2025 година или за јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во Кочани.

„Одлучив да закажам седница по повод поднесената претставка од Здружението на граѓани 16 март 2025 година од Кочани, зашто сметам дека ова е во највисок јавен интерес. Седницата ја закажав согласно моите деловнички овластувања за 9 декември 2025 година, со цел да не се поклопи со распоредот на судења што е објавен од судот, бидејќи судењата се чести и симболично 10 декември е Светскиот ден човековите слободи и права, а родителите во нивната претставка се повикуваат токму на правото на живот како највисоко право што остана незаштитено ноќта на трагедијата“,
вели Апасиев.
Според него, оваа негова одлука во писмена форма е доставена до сите членови, заменици на Постојната анкетна комсиија. Дополнително се поканети, собранискиот претседател, потпретседателите, координатерите на пратенички групи, премиерот, министерот за внатрешни работи, претседателот на државата и подносителите на претставката.
„Тоа значи дека и подносителите на претставката ќе имаат право да се обратата на оваа седница“,
кажа тој.
Посочи дека за да не настане конфузија во јавноста, станува збор за редовна седница на Постојаната анкетна седница, а не надзорна или јавна распорава
„Ова е специфичен вид на седница на Комисијата кога таа постапува по претставка на здружение на граѓани или граѓани. Досега во парламентарната историја имало неколку такви случаи на постапување. Оттука не е ништо ново, Комсиијата да постапува по поднесена претставка. Ова е редовно закажување на седница со гласање на дневен ред“,
вели пратеникот.
Во случај ако пратениците од власта не дојдат и нема кворум за работа, додаде дека седницата ќе биде прекината.
На новинарско прашање дали пратениците од Левица ќе учествуваат во предложените Анкетни комисиии на пратеничките групи на ВМРО-ДППМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, и во таа на опозицијата рече дека како пратеничка група со шест пратеници имаат право на по еден претставник во двете комисии, и во таа каде се иницијатори и во другата.
„Јас очекувам да се формираат и двете анкетни комисии веќе на наредната пленарна седница“,
рече тој.
На прашањето дали иницијативата на власта за за Анкетна комисија ќе биде ставена на Постојаната анкетна комисија со која тој раководи, Апасиев рече дека таа ќе биде посебна Анкетна комисија, додека неговата е постојана како редовно работно тело.
„Таа ќе биде ад-хок комисија која треба за 45 дена или два месеци да заврши со квази истражни функции. Ние по закон и Деловник не смееме да истражуваме како Јавното обвинителство, но можеме да лоцираме политичка одговорност. Значи, мојата Комисија со која јас претседавам е Постојана анкетна комисија и таа редовно си работи без оглед на овие две, а овие две едната од ВМРО-ДПМНЕ и другата од опозицијата се посебни анкетни комисии што се ад-хок тела и кои се уште не се формирани. Има само иницијатива“,
кажа пратеникот од Левица.
Информира дека нивната иницијатива за Анкетна комисија за Кочани што беше вратена од спикерот Африм Гаши веќе ја доработиле и ја спровеле до Пленумот.
Според него, со одржување на седница на Постојаната анкетна комисија ќе се постигне тоа родителите да се обратат од Собранието.
„Ќе се постигне тоа една институционална бариера да се скрши, а тоа е конечно родители на тие деца да имаат право да се обратата од Собранието, затоа што тоа досега им беше целосно оневозможено“,
рече Апасиев.
Како опозиција, додаде дека направиле напори за иницијативата за одржување на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, но наидувале на затворени врати и неразбирање.
„Јас се надевам дека власта сега ќе се надмине, барем морално и дека од оваа ќе излезе плодна дискусија, затоа што во заклучоците што ќе ги предложиме по исцрпувањето ќе предложиме и законски измени, а не само лоцирање на политичка одговорност. Правната одговорност веќе си тече во судот. Ние таму не можеме да се мешаме“,
кажа тој.
