Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа од СДСМ да се оградат од барањата на, како што наведуваат, нивната продолжена рака во судството – Кацарска, за поништување на зголемувањето на пензиите кои таа ги побара од Уставниот суд

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДСМ за добро завршената работа во случајот за 27 април. Кацарска во јавноста е запаметена како исклучително репресивна фигура во водење одредени судски процеси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако Уставниот суд одлучи да поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите, а судијката Кацарска е известител по предметот.
„Јавноста ја памети Кацарска по нејзината улога на џелат во водењето на судски процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и политичко водење на случаите каде што Кацарска пресуди над 200 години затвор за луѓето од 27 април. Кацарска сега сака да им го одземе зголемувањето од 7 000 денари на пензиите на пензионерите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата. СДС молчи додека нивната продолжената рака во Уставниот суд Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, а укинување на пензиите од 7 000 денари“,
стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму ги повикаа од СДСМ да се оградат од барањата на, како што наведуваат, нивната продолжена рака во судството – Кацарска, за поништување на зголемувањето на пензиите кои таа ги побара од Уставниот суд.
