Под влијание на нова циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Утре и за време на викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и грмежи
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево (34 литри на квадратен метар), а најмалку во Велес и Кавадарци (четири литри на квадратен метар).

Податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека во Претор наврнале 30 литри на квадратен метар, во Маврови Анови 28, во Лазарополе 23, во Прилеп и Пожаране 18, во Берово 16, во Тополчани 14, во Радовиш 12, во Струмица и на Попова Шапка 11, во Виница 10, во Тетово и во Битола 9, на Зајчев Рид во Скопје, Куманово и Гевгелија 8, Ѓуриште 7, Скопје–Петровец и Штип 6 и Крива Паланка и Демир Капија 5.
Под влијание на нова циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Утре и за време на викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.
