ФСБ соопшти дека комуникациските уреди запленети од осомничените содржеле преписка со украински офицер на специјалните служби преку Вацап и Сигнал. ФСБ, исто така, извести за откривање на камера за надзор во вазна за цвеќе, опремена со далечински управувач, која требало да се користи во нападот
Руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави дека пред неколку дена спречила обид за атентат врз висок руски функционер, односно, спречила експлозија што требало да се изврши на гробот на неговите најблиски на московските гробишта со помош на видеокамера скриена во вазна со цвеќе.

Руските медиуми објавија дека цел на нападот бил главниот советник за безбедност на претседателот на Русија и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Федералната служба за безбедност спречи терористички чин планиран од специјалните служби на Украина против еден од највисоките функционери на руската држава кога тој го посетил погребното место на блиски роднини на гробиштата Троекуровски“,
објави ФСБ, без да го именува службеното лице.
Уапсени се вкупно три лица, руски брачен пар и мигрант од Централна Азија.
Според ФСБ, украинските безбедносни служби регрутирале нелегален мигрант од Централна Азија, двајца претходно осудени руски наркомани приведени во Москва и Шамса Јалолидин Курбанович, родена во 1979 година со живеалиште во Киев, која е барана во Русија за убиство и нелегална трговија со оружје.
ФСБ соопшти дека комуникациските уреди запленети од осомничените содржеле преписка со украински офицер на специјалните служби преку Вацап и Сигнал. ФСБ, исто така, извести за откривање на камера за надзор во вазна за цвеќе, опремена со далечински управувач, која требало да се користи во нападот.
„Според ФСБ, украинскиот режим, дејствувајќи под водство на западните специјални служби, подготвува слични злосторства во други руски региони“,
забележа ФСБ.
ФСБ предупреди дека украинските специјални служби продолжуваат активно да бараат потенцијални сторители на терористички напади и саботажи преку Интернет, вклучувајќи ги социјалните мрежи и платформите за пораки како што се Телеграм и Ватсап.
