„Веќе имаме неколку компании кои се во процес на завршување на преговорите, очекувам до крајот на годината четири или пет такви компании веќе да потпишат договори со Владата и да се креираат над 1 000 нови места. Така што, апсолутно ќе се случуваат овие работи“, изјави премиерот коментирајќи го најавеното заминување на американските компании „Аптив“ и „Дура“ од македонскиот пазар
Ќе има компании, и домашни и странски, што ќе се отвораат, ќе има компании што ќе се затвораат и тоа не треба да се сфаќа како нешто што претставува крај на светот – изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја најавата дека две американски компании кои работат во ТИРЗ-зоната „Бунарџик“ во Скопје, се подготвуваат да го напуштат македонскиот пазар.

„Ние како влада се обидуваме и успешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании. Веќе имаме неколку кои се во процес на завршување на преговорите. Очекувам до крајот на годината четири или пет такви компании веќе да потпишат договори со Владата и да се креираат нови над 1 000 места како резултат на тоа. Така што, апсолутно ќе се случуваат овие работи“,
изјави Мицкоски по денешната посета на фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид.
Американските компании „Аптив“ и „Дура“, кои неколку години активно работат во ТИРЗ-зоната „Бунарџик“ во Скопје, се подготвуваат да го напуштат македонскиот пазар.
