Загина тричлено семејство што било во автомобилот марка „хјундаи“ – маж (1982), жена (1987) и дете (2016), додека патникот во возилото „ауди“ е пренесен во Ургентниот центар
Три лица загинаа, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи 45 минути по полноќ во Нов Белград, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС).
Како што соопшти српската полиција, уапсен е 24-годишниот Н. Ѓ., осомничен дека ја предизвикал несреќата и возел под дејство на алкохол.
Сообраќајката се случила кога два автомобила се судриле на аголот од улиците „Омладинска бригада“ и „Булевар на хероите од Кошара“ во Нов Белград.

Српското Министерството за внатрешни работи објави дека сообраќајката се случила меѓу два автомобила, марки „ауди“ и „хјундаи“.
„Возачот на ‘аудито’, Н. Ѓ. (2001), државјанин на Босна и Херцеговина, е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз. Утврдено е дека возел под дејство на алкохол од 1,17 промили“,
се вели во соопштението од српската полиција.
Семејството што било во автомобилот марка „хјундаи“ – маж (1982), жена (1987) и дете (2016) – починало, додека патникот во возилото „ауди“ е пренесен во Ургентниот центар.
На местото на настанот биле голем број полициски и противпожарни екипи, како и екипа на брза помош.
