Израелскиот претседател Исак Херцог ќе го информира Трамп дека во наредните месеци ќе биде одлукуван со израелски претседателски медал на честа – највисокото цивилно одликување на израелската влада

ФОТО: EPA/ABIR SULTAN
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска пристигна во Израел за да се обрати пред израелскиот парламент, пред да отпатува во Шарм ел-Шеик во Египет на самитот на кој ќе учествуваат околу 20 светски лидери, со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа и да се зајакнат напорите за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Тој беше пречекан од неговиот близок сојузник, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара, заедно со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, кој помогна во посредувањето во договорот за прекин на огнот.
Пред слетувањето во Изрел, Трамп во разговор со новинарите во авионот беше прашан дали би сакал да ја посети Газа. Трамп одговори дека тоа би му било чест.
„Ја познавам толку добро, иако никогаш не сум бил таму. Би сакал да го направам тоа, би сакал барем да стапнам на таа земја“,
рече тој.
Трамп ќе помине неколку часа во Израел, каде што ќе се сретне со семејствата на заложниците и ќе се обрати пред израелскиот парламент.
Израелскиот претседател Исак Херцог ќе го информира Трамп дека во наредните месеци ќе биде одлукуван со израелски претседателски медал на честа – највисокото цивилно одликување на израелската влада.
Одликувањето ги признава напорите на Трамп да обезбеди ослободување на 48 заложници што ги држи Хамас, од кои се верува дека 20 се живи.
Пред пристигнувањето на Трамп во Израел, почна ослободувањето на првите заложници од Хамас кои беа предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и се на пат кон израелска територија, каде што ќе бидат подложени на првична медицинска контрола.