Во понеделникот, Буалои предизвика лизгање на земјиштето во покраината Нге Ан. Државната агенција за управување со катастрофи соопшти дека најмалку 14 лица се водат како исчезнати, а 164 се повредени додека тајфунот ја погоди земјата со обилни дождови и силни ветрови

Бројот на жртви од тајфунот Буалои во Виетнам се искачи на 51, објави владата.
Централната банка ги повика банките да им помогнат на бизнисите погодени од катастрофата.
Во понеделникот, Буалои предизвика лизгање на земјиштето во покраината Нге Ан. Државната агенција за управување со катастрофи соопшти дека најмалку 14 лица се водат како исчезнати, а 164 се повредени додека тајфунот ја погоди земјата со обилни дождови и силни ветрови.
Според најновите проценки, штетата на имотот изнесува околу 603 милиони долари.
„Патишта, училишта и деловни згради беа уништени. Десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Повеќе од 230 000 куќи беа оштетени или поплавени, а речиси 89 000 хектари ориз и други култури беа уништени“,
се вели во соопштението на Државната администрација за управување со катастрофи.
Во соопштението не се споменуваат штетите врз индустриските капацитети.
Виетнам е регионален производствен центар, а Буалои поминува низ области каде што компании како што се Фокскон, Луксшер, Формоза Пластикс и Винфаст имаат фабрики.