Жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче на социјалните мрежи вечерва се жалат на мирис на чад во воздухот, посочувајќи дека веројатно повторно гори депонијата во Вардариште. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги демантираат овие наводи и додаваат дека по извршени проверки од страна на полицијата не е лоцирано горење на Вардариште
Повторно гори депонијата над скопско Арачиново, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Повторно е распалена оваа депонија“,
соопштија оттаму.
На терен дејствуваат екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита.
Од ЦУК утрово соопштија дека е изгаснат пожарот во Арачиново каде што гореа ѓубре и ниска вегетација.
Жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче на социјалните мрежи вечерва се жалат на мирис на чад во воздухот, посочувајќи дека веројатно повторно гори депонијата во Вардариште.
Сепак, од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вечерва ги демантираат овие наводи.
Оттаму велат дека по извршени проверки од страна на Министерството за внатрешни работи и не е лоцирано горење на Вардариште.
„Со неколку дрона и со патроли продолжува потрагата по изворот на миризбата на чад“,
соопштија од ДЗС.