Според претседателот на ДИК, можноста за нерегуларности и манипулирање при гласање на избори со текот на годините значително се намалила

Неправилности при гласањето, како „бугарски воз“ или гласање во име на друг, се минато време, вели претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Според него, можноста за нерегуларности и манипулирање при гласање на избори, со текот на годините значително се намалила и секој дел од изборниот процес е обезбеден со соодветна правна заштита.
„Ние како ДИК сме надлежни за она што се случува во постапката на гласање и утврдување на резултати внатре во избирачкото место. Од тој аспект, внатре во избирачкото место сега имаме и фингерпринт за идентификација.
вели Кондарко прашан колкав е ризикот за манипулирање при гласањето.
Со текот на времето сменети се и законските решенија, во избирачкиот список имаме фотографии на граѓаните. Се воведе и своерачен потпис при гласањето. Така што, ова би сакал да го гледаме како исклучок, затоа што изборите во Република Северна Македонија, еве да не одиме поназад, изминативе 7, 8, 10 години, се 98-99% законито спроведени. Впрочем и резултатите кои сме ги објавувале не биле оспорувани од никого. Оние приговори што сме ги имале се минорен број на избирачки места што некогаш поради намерни или ненамерни неправилности е постапувано, но не може да ја нарушат генералната слика за успешно и законито организирање избори“,
На прашање за евентуално потврден случај на „бугарски воз“, Кондарко вели дека немало таков случај откако тој е член на ДИК. Потсетува дека санкциите за изборни неправилности се ригорозни.
„Сите граѓани тоа го знаат, го знаат тоа и избирачките одбори кои во најголем дел си ја извршуваат својата работа совесно, професионално и одговорно. Свесни се за тоа. Неисплатлива работа за никого е да прави нешто што е незаконито. Тоа не може да остане неоткриено. Ние и кога постапуваме по приговори, тоа го правиме на јавна седница пред сите телевизиски камери. Доколку има основ и потреба, пристапуваме кон отворање на целокупниот доверлив изборен материјал. Ние лично ги гледаме и оригиналните записници, дали има забелешки, дали се потпишани, состојбата во записниците ја споредуваме со бројот на ливчиња кои ги броиме пред камерите на јавна седница, каде што присуствуваат меѓународни набљудувачки мисии, каде што присуствуваат покрај новинарите и партиски претставници на сите учесници во изборите. Го проверуваме и избирачкиот список“,
вели претседателот на ДИК.

Кондарко додава и дека постапката сега е потранспарентна за разлика од претходните изборни циклуси во минатите години кога можноста за манипулации била поголема.
„Ние во секој момент можеме да побараме податоци од базата од ‘фингерпринтот’ за секој граѓанин, во која секунда, каде, на кое избирачко место гласал и со кој вид на личен документ се идентификувал и која е важноста на неговиот личен документ. Така што, не постојат, освен некој нешто надвор од избирачките места да направи, но се оградив – она што се случува надвор од избирачките места не е надлежност на ДИК, иако пак ќе речам, генерациите се менуваат, годините поминуваат, може сега да ви раскажувам за локалните избори во 2000 година или претседателските во 1999 г., какви неправилности имало. Меѓутоа, тоа е минато завршено време“,
вели Кондарко.
Во однос на прашањето за функционалноста на уредите за биометриска идентификација, Кондарко вели дека има стручен ИТ-тим во ДИК кој се грижи за заштита и безбедност на системот. Уредите се под 24-часовно обезбедување и се дистрибуираат до избирачките одбори заедно со останатиот доверлив материјал.
„Откако ќе го затвориме Избирачкиот список, се пристапува кон посебен процес на полнење на податоците со електронскиот избирачки список. Значи, податоците ги добиваме од Министерството за внатрешни работи.
рече Кондарко.
Тоа се фотографиите на граѓаните од нивните лични документи, отисоците од прсти за идентификација, за електронска идентификација. Имаме посебни процедури за тоа. Уредите работат офлајн, значи не може, избегната е можноста или ризикот за евентуален напад или хакирање. Тие се соодветно обезбедени, тие се под 24-часовно обезбедување на Министерството за внатрешни работи, според нивните надлежности, професионални безбедносни овластувања и проценки“,