На територија на државата изгасени се 15 пожари
До седум часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор. Од нив четири се активни, еден е под контрола, а 15 изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите кај село Виниче во Гази Баба, кај селото Петрово во Гевгелија, кај липковското село Никуштак и во селото Вражале во Зелениково. Зафатена е главно нискостеблеста шума.
Под контрола е пожарот кај скопско Трубарево.
Изгаснати се 15 пожари на отворен простор и тоа:
- Општина Кисела Вода: бул. Борис Трајковски (автосервис за коли);
- Општина Студеничани: депонија Дрисла (ѓубре);
- Општина Кочани: м.в. Царев врв (ниска вегетација);
- Општина Василево: с. Ново Маала (ѓубре);
- Општина Могила: с. Трновци (ѓубре);
- Општина Ново Село: с. Мокриево (ниска вегетација);
- Општина Струмица: с. Свидовица (ниска вегетација);
- Општина Велес: с. Иванковци (депонија и ниска вегетација);
- Општина Куманово: с. Горно Којнаре (ниска вегетација);
- Општина Старо Нагоричане: с. Макреш (ниска вегетација);
- Општина Гази Баба: с. Идризово (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Сарај: с. Ласкарци (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Шуто Оризари: Визбегово (ѓубре);
- Општина Прилеп: с. Алинци (депонија);
- Општина Битола: помеѓу селата Гермијан и Живојно (стрниште).