Трамп потврди дека има договор меѓу САД и Кина за продолжување на работењето на Тик-ток во САД, а три извори запознаени со ситуацијата рекоа дека договорот е сличен на оној што беше дискутиран претходно оваа година
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја потпиша извршната наредба за одложување до 16 декември на спроведувањето на законот од 2024 година, што бара отстранување на кинеската сопственост на Тик-ток.

Британските медиуми пренесуваат дека одложувањето ќе ѝ даде на кинеската компанија „Бајт денс“ (ByteDance) дополнителни 90 дена за финализирање на договор за префрлање на американскиот имот од Тик-ток врз американски сопственици.
Трамп потврди дека има договор меѓу САД и Кина за продолжување на работењето на Тик-ток во САД, а три извори запознаени со ситуацијата рекоа дека договорот е сличен на оној што беше дискутиран претходно оваа година.
„Постигнат е договор за компанија што младите луѓе во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни“,
напиша Трамп на својата мрежа Трут сошал, алудирајќи на бизнисот на платформата Тик-ток во САД.