Демонстрантите Велика Британија денеска, на вториот ден од антирасистичките протести урнаа споменик на трговец со робови кој беше поставен во Бристол.
Тие, прво го врзаа споменикот со јажиња и влечејќи ја надолу ја турнаа бронзената статуа. Споменикот беше на истакнат трговец со робови од 17 век, Едвард Колстон. Откако падна, демонстрантите ја влечеа по улиците на Бристол и ја фрлија во вода.
Откако статуата падна, еден демонстрант позираше со коленото притиснато на вратот на фигурата, алудирајќи на смртта на Џорџ Флојд, кој почина во Минеаполис.
Протести се одржуваат и во други Европски градови Манчестер, Вулверхемптон, Нотингем, Глазгов и Единбург.