Како што информираат од ДЗС, во гаснењето на пожарот интервенира и хелиоптер

Дирекцијата за заштита и спасување испрати снимки од страшниот пожар што попладнево ја зафати Ф- Групација која се занимава со електричен отпад во скопско Трубарево.
Густиот облак од црн чад што се издигна и кој е видлив од повеќе делови на главниот град, предизвика вознемиреност кај граѓаните.
Од Центарот за управување со кризи додаваат дека пожарникари интервенираат во гаснењето.
„Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба по точно во с. Трубарево каде што гори фабрика за пластични работи. БППЗ на Град скопје се на лице место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот. Состојбата се следи“,
соопштија претходно од ЦУК.
Како што информираат од ДЗС, во гаснењето на пожарот интервенира и хелиоптер.