Возилото „бмв“, управувано од П. А. (22), излетало од патот, при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ. О. (21), Б. П. (20), двајцата од Градско, и Х. Л. (22) од с. Ногаевци
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу полноќ на локалниот пат од селото Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди.
Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираат дека возилото „бмв“, управувано од П. А. (22), излетало од патот, при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ. О. (21), Б. П. (20), двајцата од Градско, и Х. Л. (22) од с. Ногаевци.
Од здобиените повреди починал Љ. О., а останатите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и извршен е увид, додаваат од СВР Велес.