Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се движат од 27 до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се движат од 27 до 34 степени.
И во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Инаку, утрово низ целата држава е свежо и ведро. Најсвежо е во Берово со измерени 11 степени, а најтопло утро има во Гевгелија со 21 степен.
Утре (четврток) ќе имаме сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 29 до 37 степени.
Во петок ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец со температура од 31 до 37 степени.
Во сабота ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северозападните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 27 до 34 степени.