Она што ќе го покажат овие избори, притоа мислејќи на локалните, според потпретседателката на СДСМ е дека освен сериозен пад на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, постои, како што кажа, загрозеност од начинот на функционирање на актуелната владејачка коалиција предводена од нивниот политички опонент и премиер Христијан Мицкоски и нејзините погрешни политики
„Оттаму и како природна се наметнува потребата од такви предвремени парламентарни избори, но за сè во свое време, ние сме подготвени“, рече таа во интервју за ТВ Канал 5
Социјалдемократскиот сојуз на Макеоднија е подготвен за превдремени парламентарни избори доколку таква можност се отвори по локалните избори во октомври, изјави потпретседателката на опозициската партија Кристина Костова во вечерашното гостување во „Вести плус“ на телевизијата Канал 5.

Таа вели дека за предвремени парламентарни избори како партија зборуваат подолго време, а таква потреба, како што кажа, природно се наметнува поради лошите политики на актуелната владејчка гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние сме во полн капацитет да го истераме и тоа“,
рече Костова.
Говорејќи во тој контекст, таа понуди свое видување за тоа како се одржувале изборните циклуси додека СДСМ бил на власт и како тоа се одвивало за време на владењеето на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.
„Додека СДСМ беше на власт, се одржаа не еден туку два редовни парламентарни изборни циклуси затоа што не бегаме од одговорноста да се соочиме со она што граѓаните ќе го кажат за еден цел мандат од нашето владеење. Од друга страна, гледавме како ВМРО-ДПМНЕ и во минатото бегаше од волјата на граѓаните постојано трчајќи кон предвремени парламентарни избори и така бегајќи од сопствените одговорности. Но како и да е, ние сме и повеќе од подготвени за такви предвремени парламентарни избори“,
рече потпретседателката на СДСМ.
Она што ќе го покажат овие избори, притоа најверојатно мислејќи на локалните, според Костова е дека освен сериозен пад на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ постои, како што кажа, загрозеност од начинот на функционирање на актуелната владејачка коалиција предводена од нивниот политички опонент и премиер Христијан Мицкоски.
Според неа, државата се води во компелтно погрешна насока, граѓаните го препознаваат тоа.
„Оттаму и како природна се наметнува потребата од такви предвремени парламентарни избори, но за сè во свое време, ние сме подготвени“,
рече Костова.

Прашана дали смета дека прифаќањето на Францускиот предлог било исправна одлука и дали би ја повториле, бидејќи според многумина тоа ги чинело пораз на минатогодишните парламентарни избори, потпреседателката на СДСМ кажа дека дека она што ги чинело е тоа во целата таа ситуација владеела општа колективна психоза создадена преку пропагадните апарати на ВМРО-ДПМНЕ.
„Станува збор за пропагадни тактики што ВМРО-ДПМНЕ ги има во целиот период не само како опозиција туку и претходно, затоа што видете ова што сега го гледаме и во изминатите години кога станува збор за реализацијата на тие стратешки цели што ги имаме како земја е само бледа реприза на изолаторскиот филм што го гледавме од (Никола) Груевски во 2008 година. Многу беа нарушени позициите на нашата земја во тие десетина години и сега гледаме како истото тоа ДПМНЕ во овој момент предводено од Мицкоски нема променето ништо, ниту од пристапот кон надворешната политика ниту она што значи државнички однос кон државата. Напротив она што го гледаме од нив е дека тие не испорачуваат ниту кон сопственото членство и сопствената база“,
рече Костова.
Одговарајќи на прашањето во однос на надворешната политика на актуелната влада, таа рече дека главниот партиципент во неа и нејзин лидер и премиер не постигнале ништо од ветувањата дека ќе издејстуваат подобри услови за преговори и подобра Преговарачка рамка.
„Гледаме комплетен дипломатски крах. Министерството за надворешни работи го третираат како да е министерство за туризам и шетање по земјите, шетање од кое ние не видовме како граѓани никаква придобивка“,
кажа Костова.
Во однос на односите со Бугарија и како СДСМ од денешна перспектива би се поставила за деблокада на македонските евроинтеграции, таа рече дека деблокада може да се случи, но оти за тоа е потреба волја, која, како што додаде, треба да ја покажат оние што ја водат државата.
„Но она што го гледаме во овој момент е дека има влошување во позициите на земјава. Јас се плашам само од тоа дека ваквите нарушувања на позициите на Македонија можат да бидат неповратни како што тоа се случи претходно, во решавањето на спорот со Грција. Она што Македонија треба да го направи е да ги отвори поглавјата и да започне со реформите. Треба да се отворат пет-шест поглавја. Она што Мицкоски и другите не сакаат да кажат е дека отворањето на тие поглавја значи подобрување на ситуацијата кај нас, првенствено на институциите, пристап до фондови, до неповратни средства. Нема да има потреба да вадиме милијарда евра од сомнителни извори, за што и Европската Унија реагира… но, потребно е прво да се вразумат и конечно да преземат одговорност и еднаш да направат нешто што е државнички и одговорно за Македонија, а не да се возат на флоскули, празноговор, популизам и лажен патриотизам, кој, според мене, веќе не им поминува“,
рече потпреседателката на СДСМ во интервјуто.