Кривичниот законик на БиХ предвидува можност за замена на затворска казна до една година со парична казна, согласно која еден ден затвор чини 100 конвертабилни марки односно 50 евра. Додик ќе плати околу 36 500 конвертабилни марки односно малку над 18 000 евра во замена за издржување на едногодишната затворска казна
Судот на БиХ одобри едногодишната затворска казна на Милорад Додик да биде преиначена во парична.

Оттаму соопштија дека согласно законските прописи, донесена е одлука со која се усвојува предлогот на одбраната и осудениот Милорад Додик, а неговата затворска казна се заменува со парична.
Кривичниот законик на БиХ предвидува можност за замена на затворска казна до една година со парична казна, согласно која еден ден затвор чини 100 конвертабилни марки, односно 50 евра. Додик ќе плати околу 36 500 конвертабилни марки односно малку над 18 000 евра во замена за издржување на едногодишната затворска казна.
Додик беше осуден на една година затвор и забрана за вршење политички функции во Република Српска во следните шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Откако пресудата стана правосилна, Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ го поништи мандатот на Додик.
Веднаш по одлуката на ЦИК, Додик ја објави можноста за референдум во Република Српска, на кој граѓаните би одлучувале за мандатот на претседателот на ентитетот или за отфрлање на пресудата на државниот суд.