Станбениот сектор (57 милијарди долари), транспортот (36 милијарди долари) и енергетиката (20 милијарди долари) го носат најголемиот дел од штетата. Штетата врз енергетската инфраструктура се зголеми за 93 отсто во изминатата година
Стравовите дека Украина би можела да изгуби територија во замена за мир фрлија сенка врз состанокот на лидерите во Рим посветен на обновата на земјата разурната од војна, објавува „Гардијан“.

Четвртата меѓународна конференција за обнова на Украина ги собра претседателот Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и полскиот премиер Доналд Туск. Но, таа беше засенета од ескалацијата на руските напади со беспилотни летала и растечката загриженост за можен територијален компромис.
🇮🇹🇺🇦 Zelensky: I am grateful to Giorgia Meloni and Italy for the leadership in organizing international Ukraine Recovery Conference.
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 10, 2025
Our priority right now is air defense and drone production. We appreciate Italy’s readiness to take on the patronage of the restoration of Odesa. pic.twitter.com/eMPL377hJG
„Само неколку часа пред почетокот на конференцијата, Киев повторно беше под силен напад. Русија очигледно се подготвила за нашиот состанок“,
рече Зеленски.
Германскиот канцелар Мерц ги осуди нападите нарекувајќи ги тероризам против цивили.
„Наша должност е да го зголемиме притисокот врз Путин и да го вратиме на преговарачката маса“,
додаде тој.
Според анализата на италијанскиот тинк-тенк ИСПИ, Русија би можела да сноси повеќе од една третина од трошоците за реконструкција, или околу 188 милијарди долари, ако Украина изгуби четири региони: Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон.
Овие региони го формираат јадрото на сегашните борби, а нивното трајно отстапување на Русија сè повеќе се споменува како можен дел од мировниот договор. Киев сè уште не го прифатил ова сценарио.
Вкупната проценета цена на 10-годишната реконструкција на Украина е 524 милијарди долари. Светската банка проценува дека 66 отсто од директната штета од војната е во петте најтешко погодени региони – вклучувајќи го и Харков.
Станбениот сектор (57 милијарди долари), транспортот (36 милијарди долари) и енергетиката (20 милијарди долари) го носат најголемиот дел од штетата. Штетата врз енергетската инфраструктура се зголеми за 93 отсто во изминатата година.
Континуираните напади со руски беспилотни летала го проширија фронтот и ги вклучија регионите Днепар и Суми, дополнително оптоварувајќи ја економијата. Инфлацијата достигна 15 отсто, а прогнозите за раст се намалени за 4,5 процентни поени на само 2 отсто.
„Стотици експерти, нула конкретни решенија. Ни треба постојано тело за управување со инвестициите во приватниот сектор“,
рече поранешниот американски пратеник во Украина, Курт Волкер, кој досега беше остар критичар на конференциите.
И покрај грандиозната реторика, расте загриженоста дека клучните одлуки за иднината на Украина се донесуваат во сенка на неофицијални територијални договори, пишува „Гардијан“.