МВР упати апел до граѓаните да не тргнуваат кон ГП „Блаце“ до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде информирана навремено
Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, сообраќајот од Скопје до Граничниот премин „Блаце“ е во целосен прекин, во двата правци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Затворен е и самиот граничен премин.
„МВР во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот“,
велат од Министерството.
Оттаму упатија апел до граѓаните да не тргнуваат кон овој граничен премин до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде информирана навремено.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) еден од активните пожари до 13 часот е и оној меѓу селата Блаце и Чучер во Општина Чучер Сандево каде што гори мешана шума и ниска вегетација. Заклучно со пожарот кај Блаце, активни се вкупно 10 пожари на отворен простор.