Во Охридскиот регион минатата недела беа регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 2,4 степени бил регистриран синоќа во пограничното епицентрално подрачје со Албанија, на јужниот дел на Охридското Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје.
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала.
Во Охридскиот регион минатата недела беа регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала.