Освен во Охрид, земјотресот е почувствуван и во околните населени места, како и во пограничните делови во Албанија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во земјава денеска во 4:34 часот по локално време, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот е лоциран на 9 километри североисточно од Охрид и на 66 километри од Елбасан во Република Албанија.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални штети. Освен во Охрид, земјотресот е почувствуван и во околните населени места, како и во пограничните делови во Албанија.