Според информациите што ги објави ЕМСЦ, потресот со јачина од 5 степени се случил во 14:26 часот по локално време, на длабочина од 15 километри
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди реонот на грчкиот остров Крит.

Според информациите што ги објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот со јачина од 5 степени се случил во 14:26 часот по локално време, на длабочина од 15 километри. Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу осум километри оддалеченост од градот Иерапетра на Крит.
Претходно вчера, земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на островите Додеканези, на 18 километри од грчкиот остров Родос во Средоземното Море. Речиси истовремено, втор земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди турскиот приморски град Мармарис.