Во ноември 2023 година, кога Судскиот совет решаваше за утврдување одговорност кај судијата Беџети поради тоа што повеќе од девет месеци во фиока го чуваше предметот за масовното незаконско прислушување „Таргет-Тврдина“, постапката заврши само со парична казна за него, а не и разрешување

Судскиот совет денеска попладне, на затворена седница, го разрешил апелацискиот судија Енвер Беџети, објави телевизија Телма.
Беџети, заедно со ексвицепремиерот Артан Груби, на почетокот на декември 2024 година се најде на „црната листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција, конкретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Во ноември 2023 година, кога Судскиот совет решаваше за утврдување одговорност кај судијата Беџети поради тоа што повеќе од девет месеци во фиока го чуваше предметот за масовното незаконско прислушување „Таргет-Тврдина“, постапката заврши само со парична казна за него, а не и разрешување.
Судскиот совет лани повторно отвори постапка против Беџети.
Тој има право на жалба, но е суспендиран до правосилност на одлуката.