Полицијата презема мерки за расчистување на случајот
Кавадарчанец пријавил дека бил физики нападнат од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Според неговиот исказ даден во полицијата, нападот следел по претходна вербална расправија.
„Маж на 42 години вчера во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци пријави дека на 19 април, по претходна расправија во семејниот дом во Кавадарци, бил физилки нападнат од неговата 39-годишна соруга“,
пишува во соопштението од СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.