Српскиот претседател изрази надеж дека со сериозна работа, одговорност и искрено партнерство со ЕУ, Белград ќе го искористи постојниот моментум и ќе отвори нова фаза во евроинтеграцискиот процес на земјата
Целосно сме подготвени да ги забрзаме реформите – не поради бирократските барања, туку затоа што веруваме дека тие им носат подобар живот на нашите граѓани. Ова го нагласил претседателот на Србија, Александар Вучиќ на средбата со еврокомесрката за проширување Марта Кос, која е во посета на Белград.

Вучиќ оцени дека имал добар разговор со еврокомесарката Кос за клучните предизвици и можности на европскиот пат на Србија, со посебен фокус на Планот за раст на Западен Балкан.
„Србија го гледа Планот за раст како можност за забрзување на економскиот развој, зајакнување на институциите и приближување на нашата земја кон Европската Унија, не само политички, туку и суштински, преку конкретни придобивки и стандарди што граѓаните можат да ги почувствуваат“,
порача српскиот претседател по средбата со Кос.
Вучиќ изрази надеж дека со сериозна работа, одговорност и искрено партнерство со ЕУ, Белград ќе го искористи постојниот моментум и ќе отвори нова фаза во евроинтеграцискиот процес на земјата.
Еврокомесарката за проширување нагласи дека Брисел сака да соработува со Белград во однос реформите во правосудството, борба против корупцијата, слобода на медиумите и унапредување на изборниот процес, за, како што рече, да може да чуе волјата на српскиот народ. Без овие промени, додаде Србија не може да напредува.