„Дали сега кога ќе дојдат избори ќе имаат храброст да дојдат. Дали мислите дека некој од Кочани ќе излезе на гласање за некоја од партиите”, рече една мајка
Родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани пред Собранието побараа оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковки, а пратениците ги повикаа да излезат и да им дадат одговори на нивните прашања.
„Имате ли вие деца? Што чекате? Излезете“,
повикаа тие.
„Дали сега кога ќе дојдат избори ќе имаат храброст да дојдат. Дали мислите дека некој од Кочани ќе излезе на гласање за некоја од партиите”,
рече една мајка.
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, излезе и им кажа на членовите на семејствата дека побарале можност да влезат во Собранието на интерпелацијата на Тошковски.

Со транспаренти на кои пишува „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“; „Нема да има толку крв ако сè е по закон“, но и држејќи фотографии од своите починати деца, родителите на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани денеска точно напладне се собраа пред зградата на Јавното обвинителство на РСМ за најавениот „Марш на ангелите“.
Дел од нив влегоа во зградата на Обвинителството откако вчера оттаму упатија повик да дојдат и да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка.
Еден од родителите присутни на маршот ги обвини надлежните од Обвинителството дека се партиски луѓе и посочи дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни партиски структури во државата.