Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија минатиот октомври откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун и рускиот претседател Владимир Путин постигнаа меѓусебен одбранбен договор, чија цел е зајакнување на сојузот против, како што го нарекоа, западниот хегемонизам
Северна Кореја потврди дека испраќа војници да се борат за Русија во војната против Украина по наредба на лидерот Ким Џонг ун. Со тоа, властите сметаат дека дале значаен придонес во ослободувањето на руските територии окупирани од Украина.
Според севернокорејската државна новинска агенција, доказ за највисокото стратегиско ниво на цврсто воено пријателство меѓу Северна Кореја и Русија е победничкиот крај на битката за ослободување на руската област Курск.

Руските сили минатата недела соопштија дека украинските војници се протерани од последното руско сеело што го окупирале. Киев подоцна го негираше тврдењето, посочувајќи дека нејзините трупи сее уште оперираат во Белгородската област.
Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија минатиот октомври откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин постигнаа меѓусебен одбранбен договор, чија цел е зајакнување на сојузот против, како што го нарекоа, западниот хегемонизам.
Се смета дека Северна Кореја досега има испратено повеќе од 11 000 војници како поддршка за Русија во војната против Украина.
Според Ројтерс, Русија викендов за првпат потврди дека севернокорејските војници се борат заедно со руските војници за ослободување на Курск.
Претходно, ниту Русија, ниту Северна Кореја не го потврдија, ниту го негираа распоредувањето на војниците.
Јужна Кореја и САД долго време тврдат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун испраќа оружје во Русија за употреба во Украина.