За европскиот трофеј Алкалоид ќе игра двомеч со грчкиот клуб АЕК од Атина
Ракометниот клуб Алкалоид се пласира во финалето на Европскиот куп на ЕХФ, откако во драматичен натпревар на реваншот во Сандефјорд го елиминира норвешки Рунар на пенали.

Македонскиот тим обезбеди место во финалето по изведување седмерци, а натпреварот заврши со конечни 35:32 откако по регуларниот дел беше 34:29.
Херој на мечот е голманот Иван Галевски, кој одбрани во последните моменти од регуларните 60 минути, со што спречи домаќините да отидат на плус шест гола, што ќе значеше финале за нив. Гелевски беше клучен и во пенал-серијата кога излезе поуспешен при три удари на норвешките ракометари.
Најдобар стрелец на мечот беше Дамјан Митев со девет гола, пред Мартин Серафимов со осум постигнати гола.
Ракометарите добија силна поддршка од стотици Македонци од трибините во Норвешка.
За европскиот трофеј Алкалоид ќе игра двомеч со грчкиот клуб АЕК од Атина, кој во полуфиналните пресметки беше поуспешен од Извиѓач од Босна и Херцеговина.