ВМРО-ДПМНЕ ја опструира работата на техничката влада и прави сѐ за да нема избори, реагираат од СДСМ.
„Христијан Мицкоски останува запаметен како неодговорен политичар, кој за време на оваа криза цело време се однесува незрело, несериозно и неодговорно. На штета на граѓаните и нивното здравје. На почетокот на кризата Мицкоски го потценуваше и се потсмеваше со заканата од коронавирусот. Потоа лажеше дека немало доволно тестови за корона, иако илјадници граѓани се тестираа согласно протоколите. Среде пандемија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ водеа валкана кампања против Венко Филипче, со лажни вести и неосновани закани со кривични пријави“,
порача Костадин Костадинов на прес-конференција.
Портпаролот на партијата го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека создава политичка криза, а прстот го впери и во техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека под негово водство полицијата не врши контрола за почитувањето на мерките против-19.
„Однесувањето на Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада сѐ уште еден доказ зошто се потребни избори и нова политичка влада. За Наќе Отсјај поважно беше да го одбрани неговиот шеф, да снима пропагандни спотови, отколку да ги спроведува мерките и да штити здравјето на граѓаните на тој начин. Јавноста виде како не се спроведуваа контролите, се дозволи кршење на забраните за јавни собири, а полицијата под водство на Чулев воопшто не реагираше. Опструкциите и блокадите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада се потврда дека личните агенди и теснопартиските интереси на Мицкоски за нив се поважни од заштита на здравјето на граѓаните. Таква деструктивност е недозволива! Затоа, почитувани граѓани, изборите се решение, а не проблем“,
рече Костадинов.
Костадинов посочи дека неопходни се ефикасни институции пред есен, со цел, како што вели, државата да биде подготвена пред новиот бран на пандемијата.
Договор за изборниот датум, вели, е можен до завршување на вонредната состојба бидејќи, како што посочи „согласно законите, се знае дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба“.