Најмалку седум лица се повредени низ целата земја во американските напади, вклучително и најмалку едно во Сана, објави Ал Масира. Беше кажано и дека комуникациските мрежи биле прекинати по нападот

Во американски воздушни напади се погодени повеќе од 40 локации во делови на Јемен контролирани од хутите, вклучително и главниот град Сана, јавија локалните медиуми поврзани со групата.
Неколку станбени куќи и продавници беа оштетени во американските напади пред зори денеска во провинциите Саада, Мариб, Ал Џауф и Ходеида, објави телевизиската станица Ал Масира, поврзана со Хутите.
Цел на напад беше меѓународниот аеродром во Сана, кој се користи и за цивилен и за воен сообраќај, како и планинскиот терен северно од Сана во Амран, каде што се верува дека се наоѓаат воени кампови и други објекти.
Најмалку седум лица се повредени низ целата земја во американските напади, вклучително и најмалку едно во Сана, објави Ал Масира. Беше кажано и дека комуникациските мрежи биле прекинати по нападот.
Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ), која сега има дозвола од Белата куќа да изведува офанзивни напади во Јемен без претходно одобрение, веднаш не ги потврди нападите.
Новите воздушни напади, за кои хутите велат дека убиле најмалку 57 луѓе, започна откако бунтовниците се заканија дека ќе продолжат да гаѓаат бродови во Црвеното Море, бидејќи Израел речиси еден месец ја блокираше помошта што влегува во Појасот Газа.